СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

БУГAPИЈА во шoк, не бил Титo туку Тодop, затоа го yбилe (докyменти)

Целокупната бугарска бoлшeвичка пpoпаганда за непocтоење на Maкедонците се потпира на тезата дека „jyгоcлавскиот“ диктатop Joсип Бpoз Титo на сила ги создал Македонците бришејќи го нивниот бугарски карактер. Тоа е стратегијата на Вила Бојана и бoлшeвичкиот диктатop на Бyгариja Тодop Живкoв, која се провлекува до денес преку разни измеќари во Бyгариja и во Maкедонија. Но вистината е како шилo, врти вpти ќе излезe. Што се пojави на сцeна, зошто Бугapите се во шок?

Од длабочините на архивите на бугарското Собрание протекоа доверливи документи, кои во целост ја негираат бугарската болшевичка пропаганда и било каква улога на Тито во било какви процеси на „создавање“ на Македонци! Напротив, Македонците биле дел од бугарсктото Собрание со свои пратеници и пратеничка група кои дејствувале под раководство на ВМРО и лидерот Тодор Александров. Тоа значи дека ударот протов бугарската политика за негирање на Македонците и Македонија ја задал Тодор Александров, а не Јосип Броз Тито, и тоа во срцето на Бугарија, во нивниот Парламент.

Македонската пратеничка група под водство на ВМРО и Тодор Александров до бугарското Собpание во 1923 година доставиле Декларација за Македонија и македонскиот народ, нивната визија за создавање на Независна Македонија на Македонците и опцијата за формирање на Балканска Федерација на рамноправни народи и држави, која ќе излегува на трите балкански мориња и ќе живее во спокој, мир и добробит

НАЈВАЖНО, македонската група бара обединување на Македонија по нејзиното распарчување во 1913 година во Букурешт, а како целокупна независна држава, еден ден да биде дел од големата Балканска Федерација, што е идеја за спојување на Југославија, Грција, Албанија, Бугарија и срцето на федерацијата, Македонија.

Декларацијата ви ја презентираме во оригинал:

Таа била донесена од XХ народно собрание на Бугарија, кое поради огромното влијание на Македонците во истото, по интервенција на бугарскиот Цар и тајните служби било брзо распуштено, а на Македонците им било забрането веќе да имаат своја пратеничка група во Парламентот. На тоа жестоко реагирал Тодор Александров и ВМРО, со што веќе се објавува војна помеѓу Македонската Организација и емиграција во Бугарија со бугарскиот двор и тајни служби.

Тоа не го поколебало ВМРО и Војводата Александров да продолжат да дејствуваат во насока на прогласување на Независна Македонија. Тоа и се случило, за жал после 20 години од неговото убиство наредено и извршено од бугарскиот Цар и Влада. Имено, поради огромниот притисок на царистите, Тодор Александров започнал разговори со СРС, за прогласување на македонска независна држава во Скопје, Горна Џумаја и Солун и обединување на целокупна територија на Македонија под една управа, за што бил потпишан и документ истата таа 1923 година. Тоа е цела година пред Мајскиот манифест и официјалното прогласување на ВМРО за организација на етнички Македонци кое се бори за Независна Македонија, без било каква улога на Бугарија и другите балкански држави.

После таа активност, следува убиството на лидерот на ВМРО Тодор Александров – Стариот, а го наследува Иван Михајлов, кој во судир со бугарската Влада и Цар во целост е протеран од Бугарија, осуден на 15 смртни казни, а ВМРО е забрането на територија на Бугарија во 1934 година. Но сонот на Војводата Тодор Александров се остварува во неговиот Скопски револуционерен округ, каде дејците на ВМРО никогаш не се откажале од желбата на Војводата, за да на 08 септември 1944 година, дваесет години по неговата смрт, прогласат Независна Држава Македонија.

Бугарските болшевички орди со цел да го спречат остварувањето на тој сон, на таа агенда, на таа акција на ВМРО, на 09 септември влегуваат повторно со војски во Македонија и ги убиваат сите дејци на ВМРО во Скопје, а Македонија ја предаваат во рацете на Тито. После 1948 година и наредбата на Москва, Тито станува главен виновник за тоа, а Бугарите до ден денес плачат дека Тито го направил тој колеж, без грам срам за нивната улога во уништување на желбата на македонскиот народ за независна држава. Тој сон нашите татковци го остварија на 08 септември 1991 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content