Стево не може сам, И СОПРУГАТА НА ПЕНДАРОВСКИ СЕ ВКЛУЧИ ВО КАМПАЊАТА

11

Во јавната препирка за несудениот ТВ-дуел меѓу претседателските кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова на Македонската телевизија на кој Стево Пендраовски иако поканет не се појави се вклучи и сопругата на шефот на државата во заминување, Елена Ѓоргиевска.

„Можете уште пониско од ова, нели, госпоѓо Давкова?“, објави Ѓоргиевска на Твитер покрај преземениот твит од сопругот со сличен тон кон противкандидатката што го декласира со повеќе од 2:1 во гласови во првиот круг: „И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content