СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Во понеделник почнува исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита НЛБ банка ќе ја врши од понеделник (5 февруари).

Клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош на банкоматите во секое време. Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед.

Распоредот е направен по азбучен ред, според првата буква од презимето на корисниците:

понеделник (5 февруари) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

вторник (6 февруари) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​

Од НЛБ банка ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content