СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Димитриевски: ЗНАМ нема да ја спасува СДСМ од политичкиот потоп и нема да влеземе во идна коалиција со нив и ДУИ

Уште во овој момент ќе кажам дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп којшто им се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка и идна соработка за формирање на какво било мнозинство со нив, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето вечерашно гостување во Дневникот на ТВ Сител.

-Воедно, еве и ексклузивно да кажам во вашата емисија, ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна идна коалиција, постизборна коалиција во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа полтиичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едноставно да расчисти со минатото и сето она што лошо го направи во оваа држава, рече Димитриевски.

Димитриевски објави дека нема против да учествува во коалиција со албанската опозиција.

-Јас веќе во Куманово функционирам со една коалиција од албанскиот блок, тоа се веќе четирите партии, коалицијата ВРЕДИ. Имам добро искуство, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content