СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Катастрофа во одбрана, додека министерката ја брани УЧК се распаѓа системот за безбедност

Катастрофа се случува во министерството за одбрана, каде додека министерката Славјанка Петровска ја брани УЧК за војната во 2001 година се распаѓа системот за електронска безбедност.

Експертот за дигитална безбедност Горјан Јовановски открива дека добил опасен таканаречен малвер преку електронската пошта на министерството за одбрана.

Опасниот ,,Малвер” според него е доказ дека електронскиот систем на одбраната е под контрола на други лица а не на македонските власти.

,,Министерство за одбрана / Defence MKD ги начекаа за празник, серверите им ги пробија и почнаа фишинг пораки да праќаат од нив. За сега ова е стигнато само до мојот официјален меил како советник, што значи дека таргетираат (иако текстот е катастрофа преведен)”, објави Јовановски кој предупредува граѓаните да внимаваат што да отвараат на своите компјутери и телефони.

,,Дури и да дојде од официјална емаил адреса, зошто очигледно и министерство за одбрана не може да се одбрани од системски напад”, предупредува Јовановски.

Со дигиталната катастрофа во министерството за одбрана Македонија станува ранлива и како дел од системот за безбедност на НАТО каде сме членка веќе 5 години.

Додека министерството за одбрана е предмет на сериозен напад министерката Славјанка Петровска на митинзи на СДСМ зборува сака бранителите кои загинаа кај Вејце не се жртви на УЧК на Али Ахмети туку дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ сакала војна.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content