Муцунски во Вашингтон на покана на Рубио, министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“

Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

„Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици“, велат од Министерството.

Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.

Во рамки на состанокот, министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка.

Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content