Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат

Во обраќањето Сали истакнал дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.
Тој нагласил дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евро-атлантските партнери.

Осврнувајќи се на значењето на самитот, Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа.

Во однос на европската интеграција, министерот Сали потенцирал дека како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес подготвени сме да ги споделиме своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

Тој посочил и дека меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.

На крајот, министерот Сали повторил дека Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content