Битиќи со потценувачки навреди, Стојаноска му се спротивстави: Тензична расправа во Собрание (ВИДЕО)

Тензична расправа за ребалансот на Буџетот, Фатмир Битиќи од СДСМ со навреди кон министерката и заменик-министерот за финансии.

Продолжува расправата за предлог – ребалансот на буџетот, која на моменти беше и тензична. Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, со иронични коментари и навреди кон министерката и заменикот – министер за финансии.

-Бездната во која што пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надоле и во тоа ве смести сметководителката и професорот, рече Битиќи.

На ова бурно реагираа присутните пратеници.

-Министерката за финансии потценувачки ја ословивте како сметководителка и заменикот министер исто така со потценување како професор бидејќи вие сте биле експерт кој тука моли да држи некому часови, веројатно нема студенти таму каде што треба да ги држи, му одговори пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content