Реакција на Славјанка Петровска: Во СДСМ мора да се менува, инаку ќе исчезнеме

„Во 2024 година се кандидирав за претседател на СДСМ. Понудив програма наречена Манифест за социјалдемократијата. Се повлеков заради кршење на принципите и правилата. Но, во моите настапи секогаш ги бранев ставовите на раководството, за да не се толкува дека опструирам. Соработував и помагав за доброто на СДСМ. Но, работите не се менуваа на подобро. На конгрес, пред присутните делегати јасно и гласно пратив порака дека мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме.

Со слична порака го честитав и роденденот на партијата. Предложив ветинг на пратениците и раковдството на партијата, нема одговор. Предложив промена на статутот заради враќање на моќта на одлучување кај членството, нема одговор. Останав СДСМ. Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување. Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови разговараат за настани; малите умови разговараат за луѓето – Еленор Рузвелт“, напиша Петровска на Фејсбук.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content