Два пожари во Штип: Едниот на Исар, вториот во Чардаклија

Во Штип се активни два големи пожари – на тврдината Исар и во селото Чардаклија, каде што се зафатени фотоволтаични системи.

Во моментов сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци од ДПД од Штип, како и населението и волонтери, се на терен во населбата Исар, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не се дозволува пожарот да дојде до најблиските објекти.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата Исар, која е под тврдината Исар.

Според првични информации и искази на очевидци, пожарот избил од искрење од жица на електричен столб.

Јорданов за МИА информира и дека во моментов горат и фотоволтаици во селото Чардаклија, каде што има голема материјална штета.

Стојанче Ангелов вели дека на пожарот на тврдината Исар ќе дејствува и ер трактор.

Забранет за сообраќај е дел од булеварот „Гоце Делчев.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content