СДС и Филипче во уплав од новата ПЛАТФОРМА: Удрија со дрва и камења по своите СОПАРТИЈЦИ (ФОТО)

СДС и Венко Филипче ги нарече КВИСЛИНЗИ и е во уплав од новата фракција која се претстави како платформа „Разговори за иднината во 12:05“, составена од 28 поранешни и актуелни СДС пратеници и функционери, аналитичари и дисиденти, претставена како демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата.

Во платформата учествуваат: Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро. 

Како што самите платформисти изјавија – „Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и третата група се истакнати припадници на различни генерации на СДСМ. “

Поради ова, веќе СДС две недели не спие и прави катадневни прес-конференции ПРОТИВ оваа ПЛАТФОРМА и своиите 28 извикани екс функционери и членови, дел и демек независни – со целоживотна акриера во бранење на СДС.

Пулените на Венко Филипче ги накудија и наклеветија дека ја создала ВМРО-ДПМНЕ и лично премиерот Мицкоски.

И денеска, 15-ти пат по ред не промашија да удрат по довчерашните сопартијци. Од СДС свикаа:

Најавената „платформа“ за разговори за иднината е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција.

Прво, не се знае кој стои зад неа. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Chatham House правила. 

А кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за „обединување на опозицијата“, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content