Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија (ВИДЕО)

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница.

– На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски.

Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа. Тоа значи, се нагласува во објавата, многу повеќе бизнис и туристи за цел регион.

– Ова е најдолгата поединечна делница – автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година, сообраќајот да се одвива по една коловозна лента. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија. Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура, што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации. Ја градиме Македонија – се додава во објавата на Фејсбук.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content