ДОАЃА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: Високи температури и во ноќните часови

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Промена на времето се очекува од среда, кога е најавен мал пад на дневната температура. Воедно, локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content