Апостоловски објави нова соработка меѓу СЦ „Борис Трајковски“ и Македонски Телеком

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнува ново партнерство со Македонски Телеком, а во рамки на соработката арената во комплексот ќе го носи името „Т Арена“.

Веста ја соопшти директорот на спортскиот центар, Даниел Апостолоски, преку објава на социјалните мрежи, истакнувајќи дека станува збор за почеток на нова успешна приказна и значаен чекор во развојот на центарот.

Според него, по долг период е склучен договор за брендирање на арената, што покрај промената на името ќе донесе и дополнителни придобивки за посетителите и за функционирањето на спортскиот комплекс.

„Оваа соработка покрај естетското разубавување на спортскиот центар ќе пружи нови можности за посетителите, подобрување на условите во центарот и привлекување на нови светски настани“, наведува Апостолоски во објавата.

Тој додава дека целта е „Т Арена“ да се позиционира меѓу најпознатите и најреномирани спортски и концертни арени во регионот и Европа.

Од спортскиот центар очекуваат новото партнерство да придонесе за модернизација на објектот, унапредување на услугите и зголемување на бројот на домашни и меѓународни настани кои ќе се организираат во арената.

„Т Арена ќе биде современ и модерен објект со кој ќе се гордееме сите ние“, порача Апостолоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content