Стојаноски: Граѓаните и државата не смее да бидат заложници на политичките калкулации на СДСМ

Доколку навистина им се важни интересот на граѓаните и реализацијата на проектите што значат развој на државата, СДСМ, рече тој, треба без одлагање да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет.

„Наместо блокади и политички акробации, потребна е одговорност и поддршка за процесите што обезбедуваат инвестиции, економски раст и подобар животен стандард за секого. Граѓаните очекуваат решенија, а не бегање од соочување со аргументи. Средства за повисоките примања во образованието, здравството и јавниот сектор, за капитални инвестиции, за сервисирање на обврските и задолжувањата што токму СДСМ ги натрупа. Ништо од ова не смее да чека“, рече Стојаноски.

Тој истакна дека промените на собранискиот Деловник, кои, вели, заеднички ги направивме, не дозволуваат вакви неодговорни блокади, мотивирани исклучиво од дневнополитички игри.

„На СДСМ му е јасно правилото, дека ако најмалку една третина од членовите бараат заседание на Комисијата, тоа мора да се одржи. Па, така, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата до претседателот Африм Гаши и Сања Лукаревска испрати две писма, потпишани од 12 пратеници, односно значајно поголема бројка од потребната една третина од членовите. Оваа постапка не му остава простор на СДСМ за самоволие. Воедно, им порачуваме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продолжат со неодговорното однесување, наша должноста кон граѓаните и државата ќе биде да ги употребиме деловничките алатки за да ја деблокираме работата на Комисијата“, истакна пратеникот Стојаноски.

Расправата за предлог-законот по скратена постапка за задолжување на државата од 260 милиони во собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше блокирана од страна на опозицискиот СДСМ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content