ЗНАМ го прашува Филипче дали неговите ставови за уставните измени се поради поседување фирма во Бугарија

Од ЗНАМ тврдат дека според официјални податоци од Трговскиот регистар на Бугарија, Филипче е наведен како „едноличен сопственик на капиталот“ и „управител“ на компанијата „Пауер АИ8“ ЕООД со седиште во Петрич.

„Наместо одговори, добивме само обиди за релативизација и заглушувачки молк. Денес, тој молк мора да заврши. Им должите одговори на македонските граѓани кои се единствениот и краен авторитет во оваа држава. Затоа, секое молчење, избегнување или криење зад политички конструкции нема да биде сфатено како тактика, туку како непочитување кон народот и кон државата“, порачаа од ЗНАМ.

Затоа од ЗНАМ го повикаа Филипче да излезе пред народот за да одговори дали е точно дека тој е сопственик на компанијата во Петрич, со какви дејности се занимава оваа компанија и колкав капитал и имот поседува.
„Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат? Дали Филипче, кога ги застапува своите политички ставови за уставните измени и односите со Бугарија, се води од обврската од Член 49 од Уставот, или пак неговите ставови се условени, ублажени или компромитирани поради грижата за неговиот личен имот и капитал во Петрич?“, прашуваат од ЗНАМ.
Во реакцијата се наведува дека граѓаните заслужуваат транспарентност и одговори за евентуалните деловни интереси на политичарите во странство.
„Ова не е само политичко, туку и законско и морално прашање. Молкот не е одговор. Молкот е признание. Очекуваме Филипче да собере храброст и да се соочи со вистината и со граѓаните. Да објасни дали неговите политички ставови се резултат на неговите лични убедувања или се исклучиво во интерес на неговите бизнис релации со Бугарија“, велат од ЗНАМ.

Според партијата, компанијата е регистрирана на адреса булевар „Гоце Делчев“ бр. 12 во Петрич, а на истата адреса, како што наведуваат, е регистрирана и компанијата „ГОМАСИДРА“ ЕООД, која ја поврзуваат со братот на поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев, Вице Заев.

Од ЗНАМ велат дека постои сомнеж за „испреплетена бизнис мрежа“ на високи структури на СДСМ во соседна Бугарија и бараат Филипче јавно да одговори на повеќе прашања поврзани со компанијата, нејзините активности и евентуалното влијание на бизнис интересите врз неговите политички позиции.

„Дали овие бизнис интереси се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“, прашуваат од движењето.

Од партијата порачуваат дека Македонија не смее да биде заложник на ничии лични и деловни интереси.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content