Премиерот Мицкоски присуствуваше на првата сезона на „Плазма Спортските игри за млади“ на Плоштад Македонија

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денес свечено беше отворена првата сезона на „Плазма Спортските игри за млади“, манифестација посветена на промоција на спортот, дружењето и здравите животни навики кај младите.

На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање истакна дека спортот има важна улога во развојот на младите генерации и во градењето на вистински вредности.

Тој порача дека учесниците низ годините ќе се сеќаваат на моментите поминати на спортските терени, нагласувајќи дека покрај натпреварувањето, подеднакво важни се и дружењето, тимскиот дух и стекнувањето нови искуства.

„Спортувајте, другарувајте и учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата и во иднина ќе продолжи да го поддржува спортот и младите, со цел создавање подобри услови за развој на спортската култура и поттикнување на младите активно да се вклучуваат во спортски активности.

„Нека е со среќа, нека е успешно и нека победи подобриот“, порача Мицкоски на отворањето на спортските игри.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content