Трајков: Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите

Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков, денеска се обрати на завршниот настан на проектот „Код за иднината- Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се одржа во Europe House во Крива Паланка.

Во своето обраќање, заменик-министерката истакна дека проектот претставува успешен пример за практична примена на европските политики во областа на дигиталната трансформација и образованието.

„Овој проект покажува дека европската агенда не е само стратегија, туку реална можност за развој на вештини, знаење и конкурентност кај младите“, нагласи Трајков.

Таа посочи дека инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици.

„Образованието има централна улога во процесот на европска интеграција. Нашата цел е да изградиме систем кој ќе создава критички мислечки, иновативни и дигитално писмени млади луѓе“, додаде заменик-министерката за европски прашања.

Трајков ја потенцираше и посветеноста на Владата кон реформската агенда, особено во делот на модернизацијата на образованието и дигиталната трансформација, како клучни сегменти од европските приоритети.

Проектот „Код за иднината опфати 10 училишта од различни региони, над 120 наставници и околу 3000 ученици, преку практичниактивности насочени кон кодирање, дигиталнивештини и вештачка интелигенција.

На настанот беа доделени признанија за наставници и училишта кои дадоа значаен придонес во промоцијата на кодирањето и дигиталната писменост. Со вакви иницијативи, Македонија чекори кон посилна дигитална подготвеност и поблиску до европските образовни стандарди.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content