Регионална министерска конференција за демографските предизвици во Скопје

Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и  претставници на меѓународни организации.

На отворањето ќе се обратат и министрите за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник генерален секретар и заменик извршен директор во УНФПА и Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа.

На првиот ден од конференцијата ќе се дебатира на панел сесиите: „Демографски трендови и јавни политики: Од предизвик до отпорност“, „Оспособување на луѓето: Човечки капитал, политики ориентирани кон семејството, здраво и активно стареење“, „Поддршка на луѓето во транзиција: Пазар на трудот, социјална заштита, политики за миграција и дијаспора“ и „Меѓународна и регионална соработка за демографска отпорност“.

Вториот ден конференцијата ќе ја отвори претседателот на Собранието Африм Гаши, а предвидени се три тематски панел дискусии.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content