Мицкоски појасни дека оваа година нема да има избори

„Некои од партиите се исплашија од таа изјава за избори. Но, мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро, во пролетта 2028 година“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став за неговата вчерашна изјава која одредени партии ја протолкувале како најава за избори.

Во врска со тоа дали 2027 година е опција, премиерот Мицкиски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвено да оди на избори и да победи.

„Но, она што ние сега го правиме и она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и да го зголемиме стандардот на граѓаните“, рече Мицкоски.

Рече дека тоа што споменал оти наскоро може да има избори, значи дека такви се законите и оти тие се одржуваат на секои четири години. 

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content