Манасиевски: СДС зборува за европски вредности, ги спинува европските функционери и го негира македонскиот идентитет, Филипче од фотелјата на Заев вели дека е спремен за уставни измени без гаранции
Од СДС постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС не е проевропски настроена, ниту пак Филипче е проевропски настроен, додава Манасиевски.
