ВЛЕН: Милиони евра од граѓаните завршиле кај лица и фирми блиски до Ахмети и Османи

Коалицијата ВЛЕН обвини дека милиони евра од државниот буџет завршиле кај лица и компании поврзани со раководството на ДУИ, оценувајќи дека со години се злоупотребувале јавни средства преку контроверзни договори и проекти.

Од ВЛЕН наведуваат дека наместо да се одговори зошто проектот за интерконекција со Албанија бил блокиран повеќе од пет години, ДУИ, како што велат, се обидува да ја префрли одговорноста и да ги прикрие сопствените неуспеси и интереси.

Според нивните тврдења, раскинувањето на договор кој не бил реализиран, но повлекол значителни средства од граѓаните, предизвикува паника кај ДУИ. Тие обвинуваат дека во рамки на проектот се појавувале подизведувачи блиски до раководството на партијата, меѓу кои, како што тврдат, и лица поврзани со Али Ахмети и Бујар Османи.

ВЛЕН тврди дека преку „фиктивни договори и нереализирани обврски“ биле пренасочувани јавни средства кон фирми блиски до ДУИ, додавајќи дека не се согласуваат со нови анекси во вредност од над 8 милиони евра, кои, според нив, би можеле дополнително да го оптоварат буџетот.

Во реакцијата се наведува и дека проектот со години имал минимална реализација на терен, додека истовремено се барале дополнителни средства и зголемувања на вредноста на договорите.

Од ВЛЕН посочуваат дека одлуката за раскинување на договорот не е произволна, туку донесена по детални анализи и во координација со меѓународни финансиски институции, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content