Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

[Скопје, 27.04.2026] – Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје официјално ги отвори раните уписи за новата академска година, нудејќи значајни финансиски поволности и уникатен образовен модел кој директно ги поврзува студентите со пазарот на труд.

Во рамки на раните уписи, идните студенти имаат можност за финансиски поволности и да заштедат до 1.200 евра, во зависност од избраниот модел на уплата. За аплицирање и уплата на првата студиска година до крајот на мај е предвидено намалување од 600 евра, додека за уплата на целокупните три години до крајот на септември, намалувањето изнесува 1.200 евра.

Клучната вредност на студирањето на Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е во пристапот што на студентите им овозможува паралелно да стекнуваат академско знаење, практични вештини и реално работно искуство уште за време на студиите.

Факултетот нуди современ германски модел на дуално образование, преку кој наставата се надополнува со практична работа усогласена со потребите на компаниите. Студентите имаат можност да стекнат македонска и германска диплома, да посетуваат настава со професори од Германија и да бидат вклучени во платена пракса како дел од нивниот образовен процес.

Преку партнерството со Provadis University од Франкфурт, Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје им овозможува на студентите меѓународно академско искуство, како и можност за престој и дополнително образование во Германија. Овој модел има за цел да ја зголеми нивната вработливост, практична подготвеност и конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар на труд.

„Нашата цел е студентите да не ја доживуваат дипломата како почетна точка на кариерата, туку како резултат на процес во кој веќе стекнале знаење, искуство и професионални навики. Вредноста на дуалното образование е токму во тоа што младите луѓе се подготвуваат за реални работни предизвици уште додека студираат,“ велат од Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content