ВМРО-ДПМНЕ: Вчера Трајчулески вика излегуваме од Собрание, денес Филипче ретерира, Венко се враќа на нивната изборна идеја за укинување на техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази реакција на Венко Филипче во кое наведоа:

„Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува се повидлив стравот од сопствениот пораз. Вчера, Митко Трајчулески од СДС, се закани дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада, а денес Филипче ретерираше од овој нивен став“.

-Тоа е за поздравување, бидејќи така СДС се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада. Предлогот за укинувањето на техничката влада е тоа да се случи по наредните избори, додаваат во реакцијата од владејачката партија.

Противењето на ваквиот предлог покажува дека СДС признава дека стравува и два последователни порази, и фактот што народот не ги гледа како сериозна опција, нотираат во денешната реакција.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content