Сончево време викендов, од вторник дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 16 до 22 степени

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 22 степени.

Од понеделник во вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content