Муцунски и белгискиот министер на трчање низ Скопје

Белгиската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Максим Прево, ја започна посетата на Скопје на необичен и динамичен начин, со заедничко утринско трчање со неговиот македонски домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Двајцата министри, во раните утрински часови, истрчаа околу шест километри низ централните делови на главниот град. Наместо вообичаените дипломатски салони и формални средби, првиот контакт меѓу нив се одвиваше во спортска и неформална атмосфера, низ улиците на Скопје.

Муцунски подоцна истакна дека ваквиот почеток на денот бил можност не само за физичка активност, туку и за размена на енергија и впечаток за градот. Трасата, како што наведе, им овозможила на гостите од Белгија да се запознаат со дел од препознатливите обележја на Скопје и да го почувствуваат ритамот на главниот град на поинаков начин од вообичаените протоколарни средби.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content