Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, посочи Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:

-Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора.

Со изградбата на овој 400 киловолтен далекувод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи. За првпат, стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој.

Во енергетиката нема изолирани системи. Нема затворени кругови. Секој систем дише заедно со другите. Токму затоа, оваа интерконекција не е само национален проект – таа е дел од европската енергетска мрежа. Таа подразбира баланс, сигурност и способност да интегрираме нови извори на енергија, посебно фокус ставаме на обновливите, кои се иднината.

Но, овој проект не беше лесен. Напротив – беше еден од најкомплексните со кои што сме се соочиле.

Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата – речиси непостоечка. Наместо градежни активности, годините беа потрошени во преговарања, одложувања и обиди за промени на цените. Беше набавена само дел од опремата, без суштински напредок на терен.

И тука доаѓа суштинската разлика.

Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлуката беше донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content