25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства да добијат нова шанса за сигурна иднина и 6 090 променети животи, бројка зад која стојат вистински луѓе и вистински приказни.

По повод нашиот јубилеј, споделуваме пет сведоштва кои ја отсликуваат нашата работа со деца, млади и семејства и покажуваат како поддршката може да го промени животниот пат од неизвесност до стабилност, од првиот чекор до самостоен живот.

„Имаше период кога мислевме дека нема да можеме да продолжиме понатаму. Поддршката што ја добивме ни помогна повторно да застанеме на нозе.“Јордан, родител учесник на обуките за родителство.

Преку Советувалиштата на СОС Детско село и обуките за родителство, помогнавме на 1390 семејства во ризик и спречивме 3970 деца да бидат одвоени од биолошките семејства.За многумина, оваа помош значеше можност повторно да ја изградат стабилноста и да продолжат заедно како семејство.

„Пред да дојдам во СОС Детско село, се плашев од сè. Но, таму првпат почувствував дека некој навистина се грижи за мене“, вели Санела, дете поддржано од СОС Детско село.

Кога децата не можат да растат со сопственото семејство, потребно им е друго, згрижувачко семејство кое ќе ги заштити и исполни нивните потреби.Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село секојдневно обезбедува поддршка за 87 згрижувачки семејства, помагајќи им да обезбедат сигурна и стабилна средина за вкупно 710 деца и млади за да растат со грижа, стабилност и чувство на припадност. За многу од нив, ова е местото каде првпат почувствувале сигурност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content