Мицкоски: Политичките услови за отворање на Уставот не се исполнети

Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд најверојатно веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека наскоро можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе има политички услови, ќе биде донесен.

Како што рече, во овој контекст, неговото присуство на денешната тркалезна маса е силна порака.

„Претпоставуваме дека Уставниот суд веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на специјалниот закон. Се надевам дека наскоро денеска може да се излезе со таков предлог-закон, да се има јавна дебата, да се слушне мислењето на јавноста и стручната јавност, да има готов документ, кој кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде донесен. Во моментот Владат не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти“, нагласи Мицкоски.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content