Манасиевски: Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Заев стојат зад завесите

Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС.

Станува збор за човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Зоран Заев е понуден да работи за СДС.

Екс советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк, и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДС.

Со ова, се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДС и многуте честити српски фрази и споредби во нивната комуникација.

Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДС толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев, рече Манасиевски.

Почитувани,

Сега може да знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации.

Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДС толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев, рече Манасиевски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content