„Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неселективна борба против криминалот и корупцијата“

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите.

Секој којшто го прекршил законот мора да одговара.

Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат.

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите.

Времото на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

Во време на владеењето на СДС и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите.

СДС и ДУИ поради недостиг од транспарентност и отчетност придонесе во продлабочување на перцепцијата на неказнивост и зголемување на криминалот и корупцијата во секоја пора во општеството.

Времото на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content