Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции, но приоритет останува одржување на фискалната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните.
Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на задржување на буџетскиот дефицит во рамки на планираното, а средствата ќе се насочуваат кон клучните приоритети – редовна исплата на плати, пензии и социјална помош.
-Но она што е фокус на Министерството за финансии е борбата да го одржиме буџетскиот дефицит толку колку што ни беше проектиран за оваа година. Секако во рамките на тоа да се испроектираат одредени заштеди таму каде што имаме простор и да се дадат таму каде што е приоритетно. Но морам да потенцирам дека секогаш приоритет ќе биде да се исплатат на време на платите, пензиите, социјалната помош, се она кое што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните, истакна министерката.
Владата внимателно ги следи состојбите и ќе носи одлуки согласно развојот на кризата.
Министерката потенцираше дека неизвесноста околу времетраењето на кризата претставува клучен предизвик, со оглед дека сличен пристап имаат и другите влади, кои исто така постапуваат внимателно и условно.
На крајот, таа порача дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските текови и ќе носи одлуки кои ќе обезбедат стабилност на економијата и заштита на граѓаните
Во таа насока, беше истакнато дека дел од средствата се обезбедуваат преку рефинансирање, при што оваа година е направен стратешки избор поголем дел од задолжувањето да биде од странство, со цел да се остави поголем простор домашните банки да го кредитираат стопанството.
Министерката додаде дека ваквиот пристап е дел од претходно планираните буџетски проекции и се покажува како оправдан во услови на засилени глобални ризици.
На крајот, таа порача дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските текови и ќе носи одлуки кои ќе обезбедат стабилност на економијата и заштита на граѓаните
