Дејствување во (само)одбрана втор дел: Низа кривични против Насковски и разобличување на злоупотребите
Независниот Синдикат на професионални војници на Македонија го разобличи дејствувањето на Александар Насковски, претседател на Синдикатот СО.
Откако пред неколку дена тој излезе во јавност со неосновани обвинувања, вистината за него и неговите потези излезе на виделина.
-Нема шанси Александар Насковски да е криминалец бидејќи тој е најголемиот манипулатор во денешницата. Најголемиот криминалец против кого досега има синдикатот покренато пријави за злоупотреба на службена должност, потпис и печат. Времето ќе покаже кој беше вистинскиот Александар Насковски кој во име на Синдикализмот издејствува да прибави парични средства за негова лична корист. Можеби правдата е бавна, но стигнува, порачуваат од Синдикатот.
Тие денес на социјалните мрежи објавија дел од кривичните пријави кои се поднесени за ова лице. Според документите, против Насковски се поднесени кривични пријави за злоупотреба на должност, злоупотреба на финансиски средства и злоупотреби на печатите.
Како што објавуваат од Независниот синдикат, Насковски исто така имал поднесено кривични пријави, кои од страна на обвинителството се одбиени. Велат дека тој поднесувајќи кривични пријави неосновано, има за цел да се отстрани вниманието на вработените во МО и АРМ поради неговите нелегални постапки.
КУРИР пред два дена објави дека против ова лице се поднесени неколку кривични пријави, по што тој испрати демант во кој ништо од обвинувањата кон него, всушност, не демантира. Очигледно е дека фатен во тесно се обидува да ја префрли темата за тешките кривични дела кои му се ставаат на товар, па тера политика. Во реакцијата, тој користи закани, поставува прашања за изминативе 35 години и со констатациите кои ги објавува само докажува дека неговата мисија не е да се бори за добробит на војниците, туку за лична корист.
Имено, како што дознава КУРИР, против Александар Насковски се поднесени неколку кривични пријави. Една од овие кривични пријави, кои може да докаже сериозна вмешаност во кривични дела и незаконско стекнување со материјална корист, ја има поднесено токму министерството за одбрана, преку овластено лице лично министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Од таму е јасна желбата на Насковски по секоја цена, без ниту еден основан аргумент, да се заканува, да поставува нелогични прашања и да пласира неразумни тези.
Да потсетиме, кривичната пријава против Насковски е поднесена за неколку кривични дела и тоа: измама, фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, како и неовластено користење и злоупотреба на лични податоци.
