Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу потпиша Меморандум за соработка со Vision Academy, со цел унапредување на капацитети и развој на иновативни решенија во здравството. На средбата беше присутен и Амбасадорот на Р. Турција, Н.Е. Фатих Улусој.
Со Меморандумот се воспоставува рамка за институционална соработка насочена кон развој на човечки ресурси, примена на современи технологии и поддршка на процесите за модернизација на здравствениот систем.

– Водени од потребата за заедничко дејствување и размена на знаења, ја продлабочуваме соработката, а ова партнерство претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека преку оваа соработка ќе обезбедиме подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поквалитетни услуги за граѓаните, потенцираше министерот Алиу.

Во фокусот на соработката е дигиталната трансформација на здравството. Преку заеднички активности и проекти ќе се работи на унапредување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги, со користење на современи дигитални алатки и технологии.

Министерството за здравство останува посветено на градење партнерства со релевантни образовни и технолошки институции, како значаен предуслов за долгорочен развој и унапредување на здравствениот систем.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content