Откако Владата го стори тоа што тие никогаш не можеа, на СДС им „текна“: ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА БИДЕ НЕЗАВИСЕН!

„Еурека!“ свикаа Филипче и Заев и по 8 години јавно-обвинителски вакуум и двајца октроирани, насадени државни јавни обвинители избрани и раководени од нив, СДС-овските „лидери“ (еден чувар на тронот, другиот вистински) наеднаш се свестија  и се сетија како требало да работи Државниот јавен обвинител?

Во денешната реакција на СДС по вчерашниот владин предлог за Државен јавен обвинител да биде непартискиот професионалец, без дамка на кариерата судија Ненад Савевски, на Бихаќка „ничим изазваним“  им „светна“ дека Републичкиот обвинител, замислете,  требало да биде независен?! Па поведени од невиденото откритие срочија:

„ Очекуваме пред сè независност, стручност и непристрасност. Да постапува по закон, да гони криминал без разлика кој стои зад него и да покаже дека обвинителството не е инструмент на власта, “ порачаа и се сетија до СДС како треба да функционира еден републички јавен обвинител. Уште поважно е што ова ова доаѓа од експерти за тоа како не треба да дејствува еден јавен обвинител, со огромно искуство на ова поле.

Чудно, зошто кога знаеле како треба, тоа истото самите не го направија при изборот на Јовески и Коцевски, марионети на власта на СДС кои придонесоа за довербата од 1 до цели 2 насто во оваа есенцијална институција.

Зошто тоа истото не го практикуваа ниту со своите „на јаженце“ врзани обвинители од СЈО, Ленчиња, Катици, фатимиња, та и оние од ЈО, Вилми, Лилиња, Бубевчиња ли?

Зошто тоа истото не го практикуваа ниту со своите „на јаженце“ врзани обвинители од СЈО, Ленчиња, Катици, фатимиња, та и оние од ЈО, Вилми, Лилиња, Бубевчиња ли?

Бадијала трудот на фатените со рачињата во медот. Стравот е дека ќе ги отвори случаите за висока корупција кои неговите двајца  претходници ги криеја по фиоките во ЈО. Статива. Таксират, башка.

Како беше она вашето ступидното, „Че си лежите“ ли беше?

Да, ќе си…

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content