Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на територијата на целата држава се спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачите на товарни моторни возила, при што се изречени 37 прекршоци. Акцијата се одвивала од 9 до 14 часот и била реализирана преку Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.

Од вкупниот број мерки, најмногу (12) биле изречени за возачи кои превезувале претовар или вршеле вонреден превоз без користење на церада. Исто така, евидентирани се една мерка за недоволна задолжителна опрема во возило, една за техничка неисправност и 10 мерки за други сообраќајни прекршоци.

Покрај санкциите за возачите, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица, а за сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи, нагласувајќи дека одговорното однесување на патиштата е клучно за зајакнување на безбедноста и намалување на ризикот од несреќи. Контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content