Мицкоски: Македонија организира чартер летови за евакуација на граѓани од Дубаи, Катар и Кувајт

Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој појасни дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт. Очекувањата, како што рече, се дека овие патници ќе отпатуваат во среда.

-Деновиве се организирани вкупно четири чартер летови, со неколку десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да пренесеме, односно да ги донесеме во Македонија, рече Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е пример за разликата помеѓу претходната и сегашната влада, додавајќи дека Македонија денеска е фактор на стабилност во регионот и помага на други држави, за разлика од минатото.

-Од некогаш слабата Влада во Македонија која коленичеше за да добие 5.000 вакцини, денеска сме фактор на стабилност и помагаме на државите во регионот. Тоа е разликата меѓу тие од СДСМ и ДУИ и оваа Влада која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

-Од некогаш слабата Влада во Македонија која коленичеше за да добие 5.000 вакцини, денеска сме фактор на стабилност и помагаме на државите во регионот. Тоа е разликата меѓу тие од СДСМ и ДУИ и оваа Влада која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Според последните податоци Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

Министерството, како што е наведено во соопштението, уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content