Адвокатот Тони Менкиноски добил десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

– При преминување на границата луѓето кои работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош. Ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот, вели адвокатот Менкиноски.

Според него, оваа одлука е срам за Бугарија, но и за Европската Унија и смета дека со неа се врши заплашување на адвокатите и директно мешање во независноста на адвокатската професија.

Како што вели тој, наместо да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права, Бугарите преземаат мерки кои можат да се толкуваат како притисок врз адвокат.

Како што вели тој, наместо да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права, Бугарите преземаат мерки кои можат да се толкуваат како притисок врз адвокат.

Тој посочи дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука. Случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија.

Став за оваа информација денеска новинарите побараа и од премиерот Христијан Мицкоски.

-Немам информација дали тоа е точно и кои се причините ако е тоа точно. Но доколку е точно тоа е уште еден срам за  демократијата кај нашиот источен сосед. Но, тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите од нашиот источен сосед. Јас навистина би се чувствувал засрамено да бев човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите на нашиот источен сосед. Тука, пред се мислам на земјите-членки на Европската Унија, кои мислам дека треба да реагираат, доколку се потврди дека ова е точно, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на универзитетски кампус Мајка Тереза.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content