Карлеуша остро по Цеца: „Народот на Македонија не го заслужува овој срам“ (Фото)

Скандалот што избувна на концертот на Светлана Цеца Ражњатовиќ во Велес продолжува да ја тресе јавноста низ целиот регион. По видеата што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа како Цеца се појавува завиткана во бугарско знаме, а потоа публиката бурно реагира со свирежи и извиците „УА!“, се огласи и Јелена Карлеуша.

Карлеуша, позната по тоа што секогаш јавно зборува без влакна на јазикот, го осуди срамниот чин и застана на страна на македонскиот народ. Во својата објава напиша:

„Со сето свое срце сум со прекрасниот народ на Македонија, кој не го заслужува ваквото непочитување од страна на пејачи што доаѓаат да настапуваат во Македонија. Го осудувам овој потег на дотичната и сметам дека не станува збор ниту за глупост, ниту за незнаење. Прво, да се завиткаш во знамето на држава која го оспорува постоењето на државата Македонија, потоа да го бакнеш тоа знаме во сред Македонија – а за да биде уште пострашно, истото тоа знаме потоа да го фрлиш на подот…“, напиша Карлеуша.

Со оваа објава, Карлеуша предизвика лавина од реакции македонската јавност ѝ се заблагодари за поддршката, додека дел од српските медиуми го пренесоа нејзиниот став како „редок пример на искрена солидарност и почит“.

Многумина коментираат дека Карлеуша покажа повеќе достоинство и човечност од оние кои во Велес ја замолчуваа публиката. Во време кога провокациите стануваат секојдневие, нејзината реакција беше освежителен пример на храброст и морална јасност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content