Срам: Цеца се пере по скандалот во Велес

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи на нејзиниот концерт во Македонија. По скандалот со знамето што го обележа нејзиниот настап, Цеца реши да се оправда и да објасни што точно се случило. Таа се замота со бугарското знаме, што предизвика револт и гнев кај дел од публиката. Сега се огласи и упати јавно извинување.

„Не ми е непознато тоа што секогаш со радост го прифаќам секое знаме што ми го подава мојата публика – затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа кој. Ми е жал ако тој гест некого повредил – тоа навистина не ми била намера, а особено не да ги навредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви благодарам за прекрасната вечер, за убавата енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Имавме концерт“, изјави Цеца.

На реакциите и бурните коментари на социјалните мрежи, таа додаде:

„Реакциите се случија во салата, меѓу мојата публика и мене. Ние знаеме како си поминавме – што беше убаво, а што помалку убаво, во концертот што траеше два часа. Тоа е најважното. Нема да се занимаваме со реакциите на интернет, бидејќи сите ние што таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане меѓу мојата публика и мене“, нагласи пејачката за „Блиц“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content