Проданоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред граѓаните

Преземено ФОТО од ФБ страната на лицето

За општина Прилеп, носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ е д-р Билјана Кржеска –  специјалист гинеколог во прилепската болница и раководител на Одделението за гинекологија и акушерство. Таа објавувајќи ја кандидатурата, се заблагодари на довербата што и ја даде партијата.

В петок, 12.09.2025 на камената бина во центарот на Прилеп, официјално ќе биде промовиран и кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, како и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

На полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК).

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content