СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Кејот на Вардар испраќа две пораки (ФОТО)

Бугари во Устав е предавство! Си играте со погрешната генерација! Од Кејот на Вардар во Скопје непознати автори испратија две пораки кои имаат политичка цел и кои, се чини, се упатени како до актуелната власт, така и до идната власт која допрва ќе се формира по завршувањето на изборите. Сигурно и до гласачите, имајќи предвид колку се застапени полемиките околу уставните промени и во ветувањата на голем број од учесниците на изборите.

Пораките се видливи и од другата страна на реката и се испишани на многу фреквентни места. Кај кафулињата и едната галија, како и кај самиот плоштад Македонија.

Можеби двете пораки некому ќе му се чини дека знае од од чие симпатизерство или „кујна“ се инспирирани.

Интересно е дека просторот непосредно до кејот на Вардар не само што е фреквентен, туку е и место за чести политички средби и собири. Токму на плоштадот Македонија вечерва е најавено одржување на митинг на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ која најави дека без уставни промени и внес на Бугарите во Уставот нема да коалицира за идна влада.

Ист услов имаат поставено и од опозициската албанска коалиција Вреди чиј митинг е најавен за утре, од другата страна на Вардар, на плоштадот Скендербег.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content