5 автомобили изгореа во пожар под скопско Kале

0

Пет автомобили изгореа денеска во пожар на поранешниот полигон за полагање возачки испити, под Скопско кале.

Пожарот се гаснеше со 4 противпожарни возила и 13 пожарникари.

Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а полицајци вршат увид за да се утврдат причините за пожарот.

Поранешниот полигон секој викенд е преполн со паркирани автомобили, бидејќи се наоѓа веднаш спроти Градскиот парк.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content