СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Храната и пијалоците наместо да поевтинат, пак поскапеле

Просечно семејство од мај до јуни требаше да издвои 300 денари повеќе за храна и пијалаци или околу 20 илјади денари. Потрошувачката кошничка се уште не може да се покрие со две минимални плати.

На продажните места што ги посетивме низ главниот град, граѓаните велат дека прехранбените производи остануваат скапи и не забележале позитивно движење по укинувањето на владините одлуки за ценовните маржи и ДДВ.

Од друга страна, од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека иако во однос на претходниот месец има мало намалување на вредноста на потрошувачката кошница во јуни, трошоците за храна и пијалаци се зголемени. Статистиката покажува дека храната поскапела за една година. Лебот и житарките се продаваат по зголемена цена од речиси 27%, млекото, сирењето и јајцата 26%, месото над 25%. Само маслата и мастите поевтиниле за 5,3%.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content