СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Тpајче Илиоски дебитираше со тexнички нокayт уште во првата pyнда

Вчера во Тетово во организација на боксерскиот клуб “Шкендија Но Лимит”, се одржа професионална боксерска ревија.

На ревијата се одржаа 6 професионални борби, од кои две со македонски боксери.

Младиот прилепски боксер од БК “AC”, Трајче Илиоски, или познат како “Маcedonian Machine”, дебитираше во супер велтер категорија против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.

 

Трајче борбата ја заврши уште во првата минута од првата рунда со технички нокаут и докажа дека не случајно многу се зборува за него и неговиот потенцијал.

“Задоволен сум од моето деби. Со мојот тренер Дарко Чатлески работевме многу напорно во ова време на пандемија и сум презадоволен што влегов во рингот, навистина ми недостасуваше”, истакна Трајче после победата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content