СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Според фалсификатот на СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ има фантоми од иднината кои не знаат како се викаат

Во лажниот документ кој утрово го објавија нивни блиски медиуми и самата партија во соопштение СДСМ има направено повеќе грешки што укажува дека партијата е толку неспособна што греши дури и кога сака да прикаже лага како вистина.

Откако претходно на партиска конвенција партијата му го згреши името на лидерот (Ковачевски без В) и го утна слоганот (идиНината) денеска СДСМ објавува фалсификат во кој освен што фалсификува лични потписи наведува дека во ВМРО-ДПМНЕ постојат луѓе кои реално не постојат.

Во документот фалсификат кој го објави Фуркан Салиу кој е злоупотребен или платен од СДСМ стои името на наводен Ивица Грамбозов како такво име не постои.

Понатаму во фалсификатот на СДСМ индиректно се наведува дека директорот за коминикации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески не си го знае името и се потпишал на документ во кој името му е грешно напишано.

Овие грешки во фалсификатот на СДСМ посочуваат на можноста лажниот документ да го правел некој што воопшто не ги знае или само површно го знае работите во Македонија.

Упатени во состојбата со фалсификатот на СДСМ го препознаваат израелскиот ПР експерт Асаф Еисин кој се поврзува со структурата која претходно користела ваква техника за напад врз политички противници преку дезинформации со фалсификати.

Во брзањето да се објави фалсификатот СДСМ направиле и грешка во која ,,патувале во иднината”.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски пред десетина дена објави дека израелскиот ПР експерт Асаф Еисин е најмен да работи за Стево Пендаровски по што претседателот призна дека се сретнал со него на настан на СДСМ по што лидерот на СДСМ Ковачевски го демантираше Пендаровски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content