Сончево време со температури до 33 степени, од среда пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степенa.

За време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.

Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content