СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Советот за безбедност предлага кризна состојба на целата територија на државата

Состојбата со вирусот е исклучително сериозна, Армијата и полицијата треба засилено да се ангажираат на терен – констатираше денеска Советот за безбедност, по што предложи прогласување на кризна состојба од 30 дена на целата територија на државата.

Дополнително, државата во овој период ќе може да управува и со приватните болници.

Со колку и какви ресурси располагаат приватните установи, и што од тоа државата ќе искористи, министерот за здравство немаше податоци, но најави дека ќе се анализира уште денеска.

 

И претседателот и премиерот Заев беа децидни дека кризната состојба нема никаква врска со евентуалното воведување на полициски час или карантин, кое според нив е надлежност на Комисијата за заразни болести.

Според член 31 од Законот за управување со кризи, ако е потребно продолжување на кризната состојба подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content