СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Се слави Пресветата Божја мајка: Оваа молитва се кажува на вториот ден Божиќ

На вториот ден од Божиќ, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Неа, Богородица.

Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест.

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божиќ вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Обичајот вели дека на втор ден Божиќ треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. Слава Ти!“

Обичајот вели дека куќата не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content