Пренџов: Предлог-законот за правична застапеност е важен чекор кон поинклузивно и праведно општество

Во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се одржа јавна расправа за Предлог-законот за правична застапеност, пишува на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

Тој оцени дека станува збор за закон од исклучително значење за градењето на праведно, инклузивно и демократско општество во кое секој граѓанин ќе има еднаква можност да придонесува и да напредува.

Правичната застапеност не е само уставна категорија, туку и важен столб на меѓуетничката доверба, стабилноста и кохезијата на нашата држава, пишува Пренџов во својата објава.

Притоа, нагласувајќи дека останува цврстата посветеност на принципот на мерит-системот, при што институциите треба да бидат изградени врз знаење, компетентност, професионалност и одговорност.

Според Пренџов, правичноста и квалитетот не се спротивставени вредности, туку принципи кои се надополнуваат и создаваат силни и ефикасни институции.

Пренџов посочи дека законските решенија се носат низ јавен, транспарентен и инклузивен процес, со учество на институции, експерти и граѓански организации, со цел донесување квалитетни решенија што ќе ги зајакнат правдата, еднаквоста и довербата во системот.

Тој додаде дека парламентарното мнозинство ќе продолжи одговорно да работи во интерес на сите граѓани и во насока на унапредување на демократските вредности и меѓуетничките односи во државата.

·

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content